5.4 C
Ohrid
недела, јануари 12, 2025
ПочетнаМакедонијаКако и Бугарија сега и Села и Касами бараат уставни измени за...

Како и Бугарија сега и Села и Касами бараат уставни измени за албанскиот јазик

spot_img

Зијадин Села по средбата со Ковачевски на партиите и на политичарите им порача да не собираат поени на ова прашање, туку да прифатат продолжување на евроинтеграцискиот процес а воедно и изјави

Потсетувам како и Албанците се чувствуваат кога некој им го оспорува тоа право, како што сега се оспорува официјалната употреба во места каде Албанците се под 20 проценти. Време е во Уставот да се прецизира употребата на албанскиот јазик без тие проценти. Чувствувам дека кај македонскиот политички блок се разбира ова прашање и јас упатувам порака до ДУИ да се позанимаваат со промена на оваа дефиниција во Уставот“, рече Села.

Ако помалите партии од владината коалиција бидат на став да не го прифатат францускиот предлог, дали Алијанса за Албанците ќе влезе во Владата, Села одговори:

„Тоа прашање не беше дел од разговорите со премиерот. Алијанса за Албанците е јасно определена како опозициска партија и нема да бидеме резервна варијанта за оваа или за друга власт. На избори ќе победиме и ќе бидеме власт“.

Движењето БЕСА испрати соопштение до јавноста и порача дека го прифаќа францускиот предлог, но притоа има уште едно барање.

„Уште еднаш го потврдуваме ставот на Движењето БЕСА дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината на Северна Македонија.

Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата.

Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“.

Уште еднаш нагласуваме дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата“, велат од БЕСА.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...

Доколку не успееме да ги собереме средствата за лекувањето кое е многу скапо не би сакал да помислам што ме очекува во иднина.

"Доколку не успееме да ги собереме средствата за лекувањето кое е многу скапо не би сакал да помислам што ме очекува во иднина......

На заминување Груби ги собрал филџаните за кафе и чашите..

Министерот за политички систем и односи помеѓу заедниците Иван Стоилковиќ во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски вели дека „на заминување“ е направена вистинска чистка и...

Од што се исплаши ДУИ?! Избришана снимката со Али Ахмети во униформа на УЧК

Видеото со Ахмети во униформа на УЧК, кое се споделуваше од членови на ДУИ, беше избришано од интернет. На снимката, лидерот на ДУИ тврди...