29.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарски пратеник: За Србија нема место во ЕУ

Бугарски пратеник: За Србија нема место во ЕУ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ангел Џамбазки, бугарскиот пратеник на ВМРО во Европскиот парламент ја нападна Србија, изјавувајќи дека за неа нема место во Европската Унија бидејќи прави провокации во Косово и Босна и Херцеговина, пишува „Б92“.

<

– За Србија нема место во ЕУ, Србија прави провокации на Косово, Србија прави провокации во Босна и Херцеговина. Србија ја поддржува руската пропаганда за време на војната во Украина. Србија планира во Ниш да го изгради најголемиот руски шпионски центар во Европа, изјави Џамбазки.

Тој додаде дека „Србија ги поттиснува Хрватите и Бугарите“ и дека „гледа како да ги асимилира и протера“.

– Србија, која ја спроведува политиката на Кремљ и Путин, нема место во ЕУ. Разберете го тоа, рече Џамбазки.

Б92 анализира дека овие напади врз Вучиќ и Србија немаат никаква основа, бидејќи Србија е земја гарант на мирот и стабилноста и мудро одговара на провокациите кои доаѓаат од Приштина, Сараево и Загреб.

Вучиќ синоќа изјави дека не може да им каже на Македонците дали е добар францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, но и дека не треба да прифатат или да отфрлат нешто априори. Вучиќ рече и дека Србија е на европскиот пат и дека на отворањето на преговорите меѓу Србија и ЕУ му претходело прифаќањето на Бриселскиот договор, што е тешко, но дека отворањето на преговорите помогнало многу.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец загина во Бугарија откако 19 годишник со кола влета во ресторан и уби три лица

Три лица загинаа откако 19 годишен возач со автомобил влетал во ресторан, објавија тамошните медиуми. Околу 01:36 часот ноќеска, на бројот 112 е добиена дојава...

Македонецот Никола победи на „Ѕвездите на Гранд“

Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а токму македонецот Никола Станишиќ победи. Имено, Никола Станишиќ е роден на 18 февруари...

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...