13.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаАнгелов: Спремен сум да поднесам оставка ако францускиот предлог ѝ нанесува штета...

Ангелов: Спремен сум да поднесам оставка ако францускиот предлог ѝ нанесува штета на државата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Достоинство има различен став со СДСМ за можноста за прифаќање на т.н. модифициран француски предлог во кој се прифатени повеќето непринципиелни и нечесни барања на Бугарија кон Македонија, посебно кон нас Македонците“, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на партијата и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов.

<

„Мене лично особено ме иритира тоа што убедливо мнозинство Бугари, од кои повеќето сакаат да се прикажуваат како наши браќа, даваат неспорна поддршка на бугарскиот Парламент и бугарската Влада за блокадата на Македонија на патот кон ЕУ. Барем така кажуваат честите анкети за испитување на јавното мислење во Бугарија.

Претпоставувам тие се свесни дека со оваа блокада директно ги оневозможуваат придобивките за Македонија кои би се појавиле со самиот почеток на преговорите со ЕУ. На тој начин бугарските граѓани посредно, преку нивниот Парламент и Влада, придонесуваат Македонците и сите македонски граѓани да живеат полошо отколку кога Македонија би добила датум и би ги започнала преговорите со ЕУ.

Во секој случај, доколку нашиот јасно изграден став за т.н. модифициран француски предлог ѝ нанесува неприфатлива штета на Владата, подготвен сум да ја понудам мојата оставка на позицијата директор на Центарот за управување со кризи, а со тоа и на позициите раководител на Главниот штаб за управување со кризи, раководител на Групата за процена и член на Управувачкиот комитет.

Во спротивно, Достоинство и понатаму останува дел од владејачката коалиција задржувајки го правото на јавно искажување на различни ставови за одредени општествени настани, процеси или состојби, додека јас како владин функционер и понатаму максимално професионално ќе продолжам да го предводам кризниот менаџмент“, пишува Ангелов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија,...

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје.

Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица. Според првичните информации...

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка,...