11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЕлена Ристеска: Јас знам за една Македонија без придавки, за еден јазик-...

Елена Ристеска: Јас знам за една Македонија без придавки, за еден јазик- Македонски, за еден народ за кого пеам 20 години

spot_imgspot_img

Пејачката Елена Ристевска објави снимка од прославата во амбасадата на САД каде што ја пееше македонската химна со следниот коментар:

„Македонската химна е гордост и чест да ти доверат да ја отпееш. Секогаш со посебно чувство сум ја пеела, бидејќи не е било која песна, химната е песна на еден цел народ , МАКЕДОНСКИ НАРОД.

Јас знам за една Македонија без придавки( освен придавката “Република” ) за која сум учела и во која живеам од кога знам за себе , за еден јазик- МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој впрочем го говорам, знам за една нација или народ за кого пеам 20 години.

Исто толку години ја претставувам мојата нација и мојата земја насекаде низ светот, а таа земја се вика МАКЕДОНИЈА. И токму сега во овие тешки моменти треба да ечи насекаде МАКЕДОНСКАТА ХИМНА , бидејќи носи силна порака.

Покрај споменување на револуционерите и народот кои се бореле и умреле за татковината, се споменува само едно име- МАКЕДОНИЈА и еден народ- МАКЕДОНСКИ. Ова не е време за било какви поделби и овој коментар нема никаква политичка конотација- има исклучиво патриотска.“, напиша Ристеска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...