15.8 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаТаравари: За инцидентот кај „Скендербег“ виновен е Артан Груби

Таравари: За инцидентот кај „Скендербег“ виновен е Артан Груби

Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во интервју за „Фокус“ тврди дека инцидентите кој се случија на еден од протестите против францускиот предлог, кога нивни сопартиец извади пиштол, биле испровоцирани од навивачките групи на Шкупи, со кои управувал Артан Груби од коалициониот партнер на власта, ДУИ.

„Последните информации ми кажуваат дека тука директно се вклучени ДУИ и СДСМ. Јас лично до пред некој ден ги немав видено снимките, но откако убаво ги прегледав, видов дека над мостот одредени активисти, и тоа блиски до ДУИ и Артан Груби, фрлаа со камења…Навивачките групи на Шкупи. Тие практично ја испровоцираа целата ситуација.“,

вели Таравари и посочи дека нивната партија ниту е активна на протестите, ниту ги поддржува.

Инаку, Обвинителството веќе поднесе обвиненија против 12 демонстранти за инциденти на протестите против францускиот предлог, меѓу кои е и Цуфи Кока, член на партијата на Зијадин Села, кој извади пиштол на плоштадот „Скендербег“ близу Мавровка, за време на протестен марш.

Обвинителството соопшти дека 40-годишниот скопјанец се гони за кривичното дело – предизвикување општа опасност, оти за време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух.

Таравари во неколку наврати во изјави за медиумите вели дека не оправдува носење оружје, но посочи оти ден претходно демонстрантите го демолирале хотелот на Кока.

По инцидентот со пиштолот на 6 јули, градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, веднаш го разреши в.д. директорот на Комунална хигиена, Зуди Енузи, кој е брат на Цуфи Кока. Тоа беше повод и за Алијанса за Албанците да ја прекине соработката со ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...