Пети открил какви “проблеми“ имал со жените.
Благодарение на голот против Бразил во финалето на Светското првенство, заедно со Зинедин Зидан, Емануел Пети во 1998-та година бил еден од најпознатите француски фудбалери.
А таа популарност на некогашниот играч на Барселона, Челси и Арсенал и тоа како му помогнала со жените што и самиот Пети открил во некое интервју за „Pitch Invader“.
„Секогаш имав “проблеми“ со жените дури и пред Светското првенство, но сè се влоши по 1998-та година. Меѓутоа не се жалам“ – изјавил Пети.
„Не се сеќавам колку пати жените дури и оние кои беа во брак доаѓаа да ме видат. Ми ги даваа нивните броеви од телефони“.
Пети ја раскажал и неверојатната понуда која ја добил.
„Една ноќ бев пред ресторанот и чекав такси кога ненадејно ми пријде еден пар, а мажот даде непристоен предлог. Сакаше да имам секс со неговата сопруга додека тој тоа го гледа. Само се заблагодарив за понудата и го одбив“.
Инаку, Пети моментално е во брак со Марија Сервел со која има ќерка.
tocka.mk