16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес почина Владо Трнталовски, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес почина Владо Трнталовски, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес почина Владо Трнталовски, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ.

<

Иако во поодминати години Владо Транталовски го запознав како многу одлучен, цврст, храбар, интелегентен и непоколеблив човек и голем патриот. Човек кој имаше цврсти ставови и идеали и човек кој ја сакаше Македонија.

Меѓу другите средби, во една прилика кога бев во Ресен, чинам дека тоа беше по свеченото започнување на градба на спомен куќата на првиот претседател на ВМРО (во тоа време МРО) д-р Христов Татарчев во Ресен, заедно со неговата ќерка Дијана ме поканија во неговиот дом во Ресен кога во една релаксирана атмосфера ми раскажуваше многу негови интересни лични сеќавања и случувања поврзани со основањето на ВМРО-ДПМНЕ, од настани во неговата куќа во Ресен и средби во Скопје, па до Минхен и насекаде низ Макеоднија, но и мислење за многу во тој момент актуелни прашања во Македонија и во партијата.

Секогаш ќе паметам дека беше еден од првите основачи кој ми даде јавна и одлучна подршка кога настана расколот во ВМРО-ДПМНЕ во 2004та година.
И покрај возраста, беше редовно присутен на сите позначајни настани за државата и партијата, и во добри и во тешки времиња.

Пријатен соговорник, прониклива личност, навидум питом и смирен но цврст како карпа во своите патриотски ставови и идеали и подготвен за секаква жртва за Македонија. Личност што секогаш ќе ја паметам и со позитивни чуства ќе се присетувам.
За неговото семејство искрени сочувства. Имаат причина да бидат горди на него.

Нека почива во мир!
Напиша на соијалните мрежи Никола Груевски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...