16.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанецот кој искрши 18 коли кај Буњаковец, бил пијан.

Скопјанецот кој искрши 18 коли кај Буњаковец, бил пијан.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот 48-годишник, на 22 јули, во алкохолизирана состојба, во катната гаража наспроти Трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје, со метална шипка (хебла) и брава од врата оштетил 18 паркирани моторни возила, велат од Обвинителството..

<

Со оглед на тоа што се утврди дека осомничениот со своите дејства причинил материјална штета од поголем обем чиј вкупен износ се проценува на најмалку 208.000 денари, јавниот обвинител оцени дека е исполнет елементот на наведеното кривично дело кое се гони по службена должност и за кое е предвидена казна затвор од една до десет години.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...