28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаЗабаваЈутјуберот Лазаров: Благодарение на Сергеј Варошлија и Боки-13 станав успешен.

Јутјуберот Лазаров: Благодарение на Сергеј Варошлија и Боки-13 станав успешен.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јутјуберот Стефан Лазаров пред извесно време на јавноста се пофали со нова песна насловена како „Пари“ кој „собра“ над 50 илјади прегледи на Јутјуб.

<

Во разговор за „Фокус“, Лазаров раскажа повеќе детали за песната и самата содржина која ја носи, а се наврати и на неговото пријателство со модниот стилист Сергеј Варошлија.

Во песната се работи за девојка која трча по парите на дечко кој е лудо заљубен во неа. Таа му ги троши парите, оди на шопинг и му бара уште и уште. Сакавме да направиме комична песна заедно со 2БОНА кои го пишуваа текстот, па и од самата песна се гледа дека сме се забавувале и сме го доловиле на таков начин. Периодов навистина има премногу негативни работи кои не опкружуваат, па затоа сакав да направам нешто кое што ем ќе го насмее слушателот, но и да му биде пријатно да го слуша“, вели Лазаров за „Фокус“.

Според него, содржината на песната е слика на времето во кое живееме кога материјалното е многу поважно од духовното.

„Живееме во материјален свет и за жал, љубовта, моралот и оние вистински вредности се на некој втор, трет или четврт план, а во доминација се парите“, додава тој.

Неговата песна доби различен вид на коментари – и позитивни, но и негативни, тие кои веќе не го допираат воопшто.

„Одамна веќе не ме допираат негативните коментари. Музиката не е поле на кое јас сум најдобар, и затоа не ги земам здраво за готово. Но, кога станува збор за емисиите кои ги правам, доколку коментарот е конструктивна критика се трудам да размислам и ако сметам дека е добро за мене да го применам. Позитивните коментари секако дека значат многу и во исто време мотивираат. Немам его, не ме повредува кога некој е подобар од мене“, додава тој.

Популарноста на Лазаров нагло порасна откако пред неколку години преку социјалните мрежи го искритикува модниот стилист Сергеј Варошлија, кој во тогашната 1ТВ водеше своја емисија „Студио мода“. Подоцна, Лазаров доби покана да гостува токму во емисијата на Варошлија и доби и вработување во некогашната телевизија.

Нашиот соговорник е свесен дека шансата што му се дала да се појави на телевизија, му помогнала многу во животот.

„Сергеј Варошлија го почитувам премногу. Но, тука мора да се спомене и Бојан Јовановски кој беше сопственик на 1ТВ и да не беше тој, јас немаше да го добијам тоа работно место. Секогаш ќе се сеќавам на тие денови и ќе им бидам благодарен затоа што дадоа шанса на младо момче кое беше изгубено и не знаеше што ќе прави со својот живот. Инаку, во супер однос сме со Сергеј, секако поради обврските ретко се гледаме, но знаеме да си пишеме понекогаш на Инстаграм.

за повеќе детали ТУКА фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...