25.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаСЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ИЛИНДЕНСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ИЛИНДЕНСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ИЛИНДЕНСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

<

Илинденскиот пливачки маратон, кој по 43ти пат ќе се одржи на 02 август. Маратонот ќе се одвива на патеката од Горица до Градското пристаниште во должина од 2,5 километри. Покровител на Илинденскиот пливачки маратон е Општина Охрид.

Илинденскиот пливачки маратон е настан кој Локалната самоуправа го подржува долги години и ќе продолжиме во иднина да го поддржуваме. Покрај тоа даваме поддршка и на други манифестации кои се поврзани со пливањето. Се надевам дека во иднина оваа поддршка ќе се зголеми, особено откако ќе го добиеме покриениот базен. Сето тоа очекуваме да резултира со градење на спортски личности кои што понатака ќе постигнуваат врвни резултати во пливањето. Охрид како туристички град, како град кој што има езеро, треба да вложува во овој спорт, затоа што минатото ни покажува дека големи имиња излегоа во овој спорт и се надевам дека во наредниот период со соодветна инфраструктура и со соодветно вложува од страна на Локалната самоуправа и приватниот сектор ќе добиеме повторно големи имиња во пливањето и кои ќе постигнат врвни резултати.

Катерина Стојаноска во име на организаторот на маратонот „Охридски бранови 2008“ истакна дека вкупно пријавени се 44, од кои 29 мажи и 15 жени. За регуларноста на трката ќе бидат ангажирани 10 судии, додека за безбедноста на пливачите и екипите ќе се грижи Црвен крст од Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...

„Секогаш ќе те сакам“: Ева Заева се прости од Душко Чифлиганец

Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката во Чешка....

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица...