26.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПриведени двајца печалбари, едниот за дрога, другиот ја вртел колата „под рачна“

Приведени двајца печалбари, едниот за дрога, другиот ја вртел колата „под рачна“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Рано утринава во Тетово се приведени двајца печалбари, кои дошле од Германија и Швајцарија, откако кај едниот од нив била најдена дрога, а другиот го нарушил јавниот ред и мир со автомобил.

<

Од СВР Тетово соопштија дека во 04:10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово е приведен 21-годишник со живеалиште во Германија.

-Полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Џ. (21) од Тетово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, затоа што при преглед во возилото „Бе-Ем-Ве“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

Подоцна на истата улица е приведен и 23-годишник од Тетово со времено живеалиште во Швајцарија, кој со возилото бил затекнат како создава бучава.

-На А.М. (23) од Тетово, со привремено живеалиште во Швајцарија, му е одземено патничко возило „Бе-ЕМ-Ве“ со швајцарски национални ознаким затоа што со возилото го нарушил јавниот ред и мир, односно бил затекнат при зголемување на бучавата на возилото и нагло зголемување на брзината со чкрипење на пневматиците, информираат од СВР Тетово.

Според полицијата, возилото било задржано за вонреден технички преглед и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (МИА)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...