25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаПоранешниот советник на Заев, Александар Ружин, прогласен за Амбасадор на мирот

Поранешниот советник на Заев, Александар Ружин, прогласен за Амбасадор на мирот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Александар Ружин (39), бизнисмен и своевремено советник на поранешниот премиер Зоран Заев, е прогласен за Амбасадор на мирот. Оваа титула ја добил од страна на Универзалната Федерација за мир, која има сопствени претставништва речиси низ цел свет, а чија основна цел е надминување на конфликтите, соработка и мир меѓу сите народи.

<

Федерацијата ги унапредувала своите членови за Амбасадори на мирот, а треба да бидат предложени од најмалку тројца други Амбасадори, односно од раководството на Федерацијата.

-Со оглед дека во Балканската Федерација за мир членувам веќе седум години, ми претставуваше голема чест и задоволство како претставник на Република Северна Македонија да бидам прогласен за Амбасадор на мирот, во седиштето на балканската федерација во Тирана. Воедно, денес беше одржана конференција под раководство на поранешниот претседател на Албанија, Алфред Мојсију, на тема Мир и Безбедност на Западен Балкан во пресрет на интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската Унија – за ,,Фокус” појаснува Ружин.

Тој е син на поранешниот дипломат и универзитетски професор Нано Ружин, член на ЛДП и со години наназад е застапен во јавноста. Магистер е по политички науки, а беше дипломатски советник на поранешниот премиер Зоран Заев за за економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) и Франција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...