9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаЈовески ја суспендира Вилма Русковска, дисциплинска постапка против уште две обвинителки

Јовески ја суспендира Вилма Русковска, дисциплинска постапка против уште две обвинителки

Јавното обвинителство соопшти дека е поднесен предлог за дисциплинска постапка против тројца обвинители, кои намерно сториле крупна професионална грешка.

Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство“, велат од ЈО.

„Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, се вели во соопштението.

А1он објави дека трите обвинителки против кои е покрената дициплинската постапка се шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, како и нејзините колешки Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Русковска ја потврдила информацијата за отворањето на постапките.

Според законот, јавниот обвинител Љубомир Јовески има право да донесе одлука за оддалечување на еден обвинител од вршењето на обвинителската функција, во неколку случаи, меѓу кои е и доколку намерно или неоправдано се направи крупна професионална грешка.

По поднесената претставка во обвинителството за извршен незаконски претрес во Финансиската полиција, двајца обвинители од Републичкото јавно обвинителство надлежни за надзор над Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, направија увид во предметот, по што изготвија извештај во кој констатира дека има неправилности при постапувањето во предметот. Три дена по изготвувањето, тој беше доставен до Финансиската полиција и јавноста.

Во претставката се наведува дека Трајчева и Јосифовска биле ненадлежни да постапуваат по предметот, бидејќи не се дел од тимот обвинители кои утврдуваат одговорности кај лица со полициски овластувања. Потоа, се посочува дека претресот е направен иако во списите немало ниту докази за основано сомнение за сторено кривично дело туку само кривична пријава. Исто така, во него стои дека Трајчева не дала информации до Републичкото обвинителство иако тоа било побарано од неа. За дозволата за претрес добиена од Кривичниот суд, се вели дека е добиена со давање на погрешни информации, потсетува „А1он“.

Случајот подолго време беше повод за препукувања меѓу Јовеска и директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, а јавниот обвинител Јовески минатата недела изјави дека „нема да толерира незаконско постапување“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...