3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаВо овој момент не можеме повеќе да се бориме со инфлацијата....

Во овој момент не можеме повеќе да се бориме со инфлацијата….

spot_img

Продолжуваат преговорите со синдикатите и како што најдовме решение за минималната плата, ќе најдеме решение и за усогласување, односно за растот на платите, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Тоа што имаме разидување со синдикатите е решението „сега или никогаш”. Ние велиме „не, решение ќе најдеме сега, одржливо, со целосна методологија за раст на плати, за да не се вратиме следната година зашто не чекаат други предизвици со синдикатите. Ние нудиме одржливо и долгорочно решение, кое нема да направи голема разлика. И не е вистина дека не се зголемени платите,“ потенцира Битиќи во гостувањето на Канал 5 телевизија.

Во врска со инфлацијата, повтори дека до јули е 10,9 отсто.

„Дали можеме во овој момент повеќе да се бориме со инфлацијата – не, зашто е увезена. Опозиционерите многу добро знаат дека увозно и извозно зависна економија тешко се бори со инфлација, освен мерките кои соодветно се носат во овој период и дадоа резултат,“ рече Битиќи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...