10.2 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаПеткоска до владата: Пари имате - УМ НЕМАТЕ- Го удавивте...

Петкоска до владата: Пари имате – УМ НЕМАТЕ- Го удавивте пливачкиот маратонот во Охрид !!!

spot_imgspot_img

ВЛАСТА ГО УДАВИ И ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН!
Пари имате – УМ НЕМАТЕ!
Колку ви е важна традицијата, културата, туризмот…се виде денес, со одлуката после континуитет од 60 години, да не се одржува Охридскиот пливачки маратон!.
Ајде мои охриѓани да ја потсетиме оваа (по буквално сите постапки) налудничава власт која има пари за рамковни прослави на кои се исвиркува македонскиот јазик, што значеше Охридскиот пливачки маратон:
👉Значеше најголема меѓународна спортска манифестација во земјата;
👉Значеше промоција на градот во светски рамки;
👉Значеше брендирање на Охрид;
👉Значеше континуитет од 1992 година до денес;
👉Значеше продолжување, а и симбол за успешно завршување на туристичката сезона во Охрид;
👉Значеше бројни натпреварувачи кои заедно со своите тимови значеа приходи за Охрид и понатамошна промоција на убавините на Охрид;
👉Значеше почит и продолжување на делото на Дики Бојаџи и Атина Бојаџи…
👉Значеше уште многу – многу повеќе…сè до денес, кога оној кој значеше покровител на манифестацијата, стана нејзин ДАВИТЕЛ!
За овие одродници ништо нема значење ако истото не значи распродажба на државата, бришење на историјата, газење на традицијата, плукање на сè што се нарекува македонско…!
Го удавија туризмот – го удавија и Охридскиот пливачки маратон!
И…не е до парите!
Како што имаше пари за рамковните прослави, како што има пари за 1460 вработени во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците…МОРА да има и за Охридскиот политички маратон!
Провидни сте!
Пари имате – УМ НЕМАТЕ!
Напиша пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...

Во Бигорски манастир се очекува пристигнувањето на благодатниот оган

Благодатниот оган се очекува на полноќ да пристигне во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ кога треба да започне и Велигденската богослужба. Со особена пасхална радост...

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж!

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж! Денес повторно нè осветли божествената слава. Денес ни беше даден дарот на мудроста. Денес уште еднаш...

Со бензин го полил казиното Адмирал во Охрид, па потоа го запалил !!!

Вечерва околу 19 часот избувнал пожар во казино Адмирал лоцирaно во центар во Охрид, кога едно лице го полило со бензин внатрешниит дел на...