3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаУште една бугарската пропаганда: Стипендија за секое македонско дете што ќе го...

Уште една бугарската пропаганда: Стипендија за секое македонско дете што ќе го учи бугарскиот јазик

Фондацијата Македонија ќе му понуди на секое дете од Македонија и Србија месечна стипендија од 30 евра доколку студира литературен бугарски јазик“ , напишаа од фондацијата на социјалните мрежи.

Засега нема информации кога, каде и како би почнале курсевите, но во извештајот на Фондацијата стои дека тие веќе формирале училиште и спроведуваат настава.

Фондација Македонија формираше училиште на бугарски литературен јазик со име: Бугарско онлајн училиште „Св. Наум Преславски“ со 95 ученици од Македонија на првиот час.“ – Пишува во извештајот на „Фондација Македонија“.

Освен во Македонија „Фондација Македонија“ тврди дека има образовни активности и во Голо Брдо во Албанија и во Гора на Косово.

За тоа, дали кај нас се спроведува образвона дејсност на бугарски литературен јазик, дали има регистрирано училиште под името „Св. Наум Преславски“ и дали странски образовни институции е дозволено да вршат образовна дејност на нашата територија онлјан, односно преку интернет, без одобрение на нашите надлежни институции – Прашавме во министерството за образование и наука, од каде велат, училиште под тоа име кај нас нема, но, без одговор на другите прашања, објави АлфаТВ.

Воспитно – образовниот процес се организира во општински и државни основни и средни училишта, како и приватни средни училишта. Помеѓу нив не постои училиште со назив каков што посочувате.“ – Велат од министерството за образование и наука.

Од фондацијата велат дека од нивното формирање досега изминале 40.000 километри низ македонските градови и села, да делат и разнесуваат бугарски книги. Тврдат дека досега поделиле 50 тома литература, а имаа за цел од Бугарија да донесат во Македонија дури 10.000 тома.

Во меѓувреме, Комитетот за политики за Бугарите во странство годинава повторно ја зголеми финансиската помош одобри нови 400.000 евра за поддршка на организациите на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Молдавија и граѓаните на Македонија со бугарски идентитет.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...