7.9 C
Ohrid
среда, ноември 6, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата порачува од Арачиново: Славете со срце не со пушки и пиштоли...

Полицијата порачува од Арачиново: Славете со срце не со пушки и пиштоли !!!

„Слави со срце, не со оружје“- превентивна акција на СВР Скопје во Арачиново

Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје како дел од оперативниот план „Безбедно лето 2022“, вчера (22.08.2022) беше реализирана превентивна активност под мотото– “Слави со срце, не со оружје“ на подрачјето на Полициското одделение Арачиново. Целта на оваа активност е афирмацијата на совесното и одговорно однесување на граѓаните при разните прослави и веселби, без употреба на оружје или други пиротехнички материјали, затоа што употребата на оружје може да има тешки последици, односно директни закана по здравјето и животот на граѓаните.

Активностите се реализираа на повеќе локации во селото Арачиниво– општинскиот објект, пред неколку угостителски и услужни објекти. Притоа, полициски службеници разговараа и им укажуваа на граѓаните за ризиците од употребата на оружјето при прослави и веселби, ги информираа за законските норми што го санкционираат таквото поведение и секако за опасностите од употребата на оружјето. Истовремено на граѓаните во насока на дополнително едукативно-информативно запознавање им беа делени информативни печатени материјали, а се со цел подигање на нивото на совесност и почитување на позитивната законските регулативи.

На граѓаните, исто така, им беше укажано дека огнометите треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки.

Пукањето се санкционира по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик). Одделението за превенција при СВР Скопје со ваквите активности.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Цела Србија на нозе, Вучиќ предлага референдум- Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е...

Почина 27 годишно момче при извршување градежни работи во Скопје !!!

Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27)...

Наставник со пластичен предмет нападнал ученик во училиште во Охрид

Вчера во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето. Се...

Тешка несреќа на патот Кавадарци – Росоман: Едно лице загина!

Една лице загинало, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 9 часот, на патот од Кавадарци кон Росоман,...