26.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Пецаков: Го исплативме целиот долг на училиштата од 20 милиони денари,...

Градоначалникот Пецаков: Го исплативме целиот долг на училиштата од 20 милиони денари, сметките се одблокирани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како одговорна Локална самоуправа, образованието и развојот на децата ни е во врвот на нашите приоритети, објави градоначалникот Кирил Пецаков, на својата официјална Фејсбук страница.

<

👉 Со домаќинско работење и со план и визија успеавме да го санираме долгот на школите кој вкупно беше околу 20 милиони денари, а сега е НУЛА, односно ниту едно училиште во градот не должи финансиски средства.
👉 Воведовме нова мерка за првачињата, а тоа е 3000 денари за секое запишано прваче во основните училишта во Општина Охрид.
👉 Ја покачуваме висината на стипендиите за учениците од основните училишта. Сега тие ќе изнесуваат 2 000 денари.
👉 Предвидовме стипендии и за учениците од средните училишта. И тука ја покачивме вредноста и сега висината на овие стипендии ќе изнесува 2 000 денари.
👉 Стипендии се предвидени и за студентите. Тие ќе изнесуваат 3 000 денари.
👉 Воведовме новитет оваа година за студентите – „Образовен додаток“. Мерката е наменета за студенти од Општина Охрид кои студираат надвор од Охрид, а потекнуваат од семејства со социјален ризик. На овие студенти еднократно ќе им се доделат по 6000 денари.
👉 Продолжуваме со доделување на стипендии за лица со ретки болести и посебни потреби. И тука износот за учениците е зголемен и ќе изнесува 2000 денари, а за студентите, магистрантите и докторантите ќе изнесува 3000 денари.
👉 Го зголемуваме надоместокот за наставниците ангажирани во продолжен престој од 10 000 денари на 15 000 денари за пола работно време.
👉 Исто така новитет во оваа учебна година ќе биде вреднување на остварениот успех на учениците на натпревари во знаење. Покрај традиционалното доделување на признанија, од оваа година ќе има и парични награди за учениците и нивните ментори.
➡И тоа, за прво место на државен натпревар во знаење ќе се доделува по 10 000 денари за ученикот и менторот, за второ место по 7 000 денари, за трето место по 4 000 денари.
➡ За освоено прво место на меѓународни натпревари ќе се доделува по 18 000 денари за ученикот и неговиот ментор, за второ по 15 000 денари и за трето по 12 000 денари.
👉 За првпат од оваа учебна година ќе се додели награда за „Првенец на генерација“ во основните и средните училишта. Наградата ќе изнесува 10 000 денари.
👉 Во две основни училишта започнува реализацијата на пилот проект „Италијански јазик во основното образовани“ каде факултативно ќе се изучува италијанскиот јазик.
👉 Во изминатиов период општинската комисија за трансформација ја заврши својата работа и за сите оние кои ги исполнуваа потребни законски услови побаравме да им бидат трансформирани работните места. Со ова го отргнуваме партискиот реваншизам од образованието.
👉 За учениците со посебни образовни потреби во основните и средните училишта кои имаат потреба од тутори или медијатори ќе им бидат обезбедени.
👉 Покрај финансиските стимулации за учениците во значајна мера ги подобривме и условите во училиштата. Се вршеше молерисување на училишните згради, се санираа тоалети, се вршеше промена на старата и дотраена дограма, се уредуваа дворовите, се вршеше промена на водоводна и одводна мрежа. Комплетно ја завршивме реконструкцијата на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, а во следниот период ќе пристапиме кон партерно уредување на дворот. Се набавија машини за чистење на подовите за средните училишта и се набавија смарт табли за ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

👉 Во текот на оваа учебна година продлжуваме со градежните зафати на училиштата. Очекувам до крајот на учебната година да нема санитарни јазли во школите кои не се реконструирани. Продолжуваме со набавка на училишна опрема и помагала, компјутери, смарт табли, клупи, книги за библиотеките. Изготвуваме проекти за инсталација на нови системи за греење и уште многу други проекти.

‼ Тука нема да застанеме, квалитетно и модерно образование е нашиот врвен приоритет, напиша градоначалникот Пецаков.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Еден полицаец во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му: Тошковски најави голема набавка на нови полициски униформи

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници...

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...