15.8 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски очекува Македонија да влезе во ЕУ до 2030 година

Ковачевски очекува Македонија да влезе во ЕУ до 2030 година

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата донесе одлука за воспоставување структура за преговори за пристапување на Република Македонија во ЕУ, информира денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.

<

Вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе биде главниот преговарач, а во тимот ќе учествуваат и домашни експерти, државни службеници и стручни лица надвор од институциите, како странски експерти.

Ковачевски верува дека институциите имаат капацитет за преговори со ЕУ и очекува квалитетна и ефикасна структура што ќе се носи со предизвиците. Најави дека целиот процес ќе биде инклузивен и транспарентен процес. Тој упати апел за општествен консензус за постигнување на напредок кон ЕУ, како и повик до опозицијата да учествува,
да го поддржи и помогне процесот.

– Преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и што побрзо да се затворат. Завршување на преговорите до 2030 година е цел која е достижна, рече Ковачевски. Очекува Македонија да се приклучи на ЕУ при следното проширување и да стане дел од Унијата со заштита на државните интереси.

На 19 јули кога ги почнавме преговорите свртевме нова страница во историјата, покажавме дека носиме државнички одлуки за напредок на државата. Со меѓувладината конференција е потврдена стратешката заложба за евро и евроатлантска интеграција. Владата е посветена европските реформи. Нема алтернатива за ЕУ, тоа е нашата стратешка цел, рече премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција во Владата со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...