6.9 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаСтружани се гордеат со 12-годишниот џудист Доријан Петкоски!

Стружани се гордеат со 12-годишниот џудист Доријан Петкоски!

Доријан Петкоски е 12-годишник од Струга, кој на 1 септември тргна во седмо одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“. Тој е одличен ученик, математиката добро му оди, како и природните науки, а сака и да црта, да пишува поезија, да свири на тапан и тарабука, да другарува со врсниците… Но најмногу од сѐ сака да тренира џудо.
Неговата учителка Русанда Ќушкоска, а сега и класната Борјанка Јованоска, е горда на својот талентиран ученик, редовно го бодри и претставува негова голема поддршка, како и неговото училиште и учениците од неговото одделение.
Веќе седум и пол години, Доријан редовно оди на тренинзи во џудо-клубот Дрим во Струга, каде што успешно ги совладува тајните на овој спорт, под будното око на тренерот Ѓорѓи Стојанов, кој е и спортски директор на клубот.
– Татко ми првпат ме однесе на тренинг, ми се допадна и, еве, сѐ уште сум вљубеник во џудото. Сега имам син појас, а секако црниот ми е целта – вели овој неуморен тинејџер.
Доријан не само што вредно тренира туку и ниже успеси, освојувајќи награди на домашни и на натпревари во странство.
Неговите сограѓани се гордеат со него, бидејќи Доријан многу често знае да ги израдува Струга и стружани. Тој е врвен спортист, иако има само 12 години. Многу често тема на разговор низ струшката чаршија, меѓу љубителите на спортот, се неговиот спортски ангажман и наградите што редовно ги добива, а кои се во огромен број. Досега има постигнато врвни резултати и освоено четириесетина медали, од кои 33 златни, 8 сребрени и 5 бронзени. Четирипати по ред Доријан е државен првак на Македонија, а добил и 4 пехари и една плакета. Најголемиот број медали се добиени од учество и постигнати резултати на меѓународни натпревари.
Тоа е нашиот Доријан, малиот херој на нашиот град, на кого сме особено горди сите стружани. Иако е мал по возраст, тој е голем спортист, со високи резултати, со врвни успеси и е симбол и обележје на Струга. И неговиот помал брат Теодор почна да чекори по неговите стапки, тренира во истиот клуб и почна да освојува награди. Доријан, биди ни жив и здрав и уште многу успеси да си редиш, а ние сите ќе те бодриме и охрабруваме во твоите ангажмани, зашто Струга е горда на тебе, ти си и ќе бидеш нашиот херој – велат гордите стружани. М.Т.

Посветеност што дава врвни спортски резултати
Освен што е тренер и директор на ЏК Дрим во Струга, Ѓорѓи Стојанов е и спортски директор на Џудо-федерација на Македонија и селектор на пионерската џудо-репрезентација на нашата земја. Тој е дипломиран професор по физичко образование, со натпреварувачко и тренерско искуство. Бил долгогодишен државен првак и репрезентативец на Македонија, а Дрим под негово раководство, како главен тренер, три години по ред е најуспешен клуб во конкуренција на пионери и помлади пионери во Македонија.
Според Стојанов, тајната на успехот е во добрата организираност, стручноста и тренажниот процес, како и во континуираната едукација на тренерите.
А ние би додале и љубовта и упорноста на првите луѓе на клубот, кои им овозможуваат на младите џудисти, откривајќи ги тајните на спортот, да се искачуваат сѐ повисоко на скалилата на успехот.

НОВА МАКЕДОНИЈА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф.

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф Викендов што помина на 09.11 2024 во , соседна Албанија се одржа ревијален...

Али Ахмети, упати нова закана: Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова закана за масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот...

Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски

Утринава на 63- годишна возраст почина проф.д-р Владимир Мирчевски, светски признат неврохирург, специјалист на Лионската школа по неврохирургија, член на Американскиот конгрес на неврохирурзи,...

Почина Бошко од Кавадарци кој боледуваше од рак

Бошко Јанкулов, младиот кавадарчанец кој се бореше со малиген карцином на коски, карлица и бели дробови, за жал, ја загуби битката со болеста. Неговата...