12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаНСДП: Џабе ќе се трошат пари за референдум

НСДП: Џабе ќе се трошат пари за референдум

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сметаме дека доколку референдумот се спроведе ќе биде неуспешен и нема ништо значајно да промени, освен што ќе се потрошат милиони евра за организирање на истиот во време на енергетска криза, велат од НСДП.

<

-Референдумот и референдумското прашање може да ги охрабри радикалните сили во државата и дополнително да ги засили поделбите во општеството кои не се потребни во момент кога ги отворивме преговорите со Европската Унија и следи скринингот.

НСДП е против идејата за спроведување на референдум за прашања за кои државата усвоила стратешки документи во 90тите години и целокупната државна политика и реформи во изминатите 31 година од независноста на државата се во насока на исполнување на критериумите за зачленување во ЕУ и НАТО.

НСДП смета дека вистинската намера на опозицијата е референдумот да го искористи во политички цели за проверка на нивната поддршка, а не во насока на зајакнување на државната политика на прогрес и чекорење напред кон Европската Унија.

Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат референдумот да го искористат како алатка, поточно анкета на државен трошок за да го проверат мислењето на народот за нивните, според НСДП, ретроградни политики и тоа не треба да го поддржат граѓаните и јавноста претставена преку медиумите и невладиниот сектор, но и партиите од владеачката коалиција, велат од партијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...