30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветЗеленски и Путин изразија сочувство за смртта на кралицата Елизабета

Зеленски и Путин изразија сочувство за смртта на кралицата Елизабета

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По повод смртта на кралицата Елизабета се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

<

-Со длабока тага ја примивме вестта за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во име на народот, изразуваме искрено сочувство до кралското семејство, целото Обединето Кралство и Комонвелтот за оваа ненадоместлива загуба. Нашите мисли и молитви се со вас, истакна Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин пак, во пораката со сочувство во врска со смртта на кралицата Елизабета Втора, го истакна нејзиниот авторитет на меѓународната сцена, како и љубовта и почитта на нејзините поданици.

-Најважните настани во поновата историја на Обединетото Кралство се нераскинливо поврзани со името на Нејзиното Височество. Многу децении, Елизабета Втора со право уживаше во љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитет на светската сцена, рече рускиот лидер во пораката до кралот Чарлс Трети.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...