13.8 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонија11-годишно момче од Скопје почина на КАРИЛ- Не го преживеа ударот од...

11-годишно момче од Скопје почина на КАРИЛ- Не го преживеа ударот од пречка од гол на екскурзија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Детската игра, смеа и џагорот на децата кои во август, годинава беа на екскурзија во Кавадарци, се претвори во трагедија. Единаесет годишно момче од Скопје вчера нешто по 23 часот почина на КАРИЛ (Универзитетска Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување). Детето беше тешко повредено на 14 август годинава откако на фудбалски терен во Кавадарци врз него падна пречка од гол. Лекарите речиси цел месец се бореа за животот на детето, но за жал момчето починало.

<

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, а се води постапка и за причините поради кои се случи оваа трагедија.

Во Полициската станица во Кавадарци кога во август се случи настанот било пријавено дека на фудбалскиот терен во рамки на детското одморалиште Михајлово – Кавадарци, каде престојувале ученици од основно училиште од Скопје, еден малолетник бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала.

Од МВР тогаш информираа дека малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје, а на местото на несреќата беше извршен увид од страна на увидна екипа од Кавадарци.

Постапката за оваа трагедија продолжува и по смртта на детето.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...