29.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците повеќе не молчат: Нудат 20 денари за откуп на млекото, а...

Македонците повеќе не молчат: Нудат 20 денари за откуп на млекото, а го продаваат 80 денари, не им давам, вели млекопроизводител

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Блегтори Ајети од скопско Кондово е индивидуален производител на млеко. Има неколку крави кои на ден даваат околу 40 литри млеко. Вели, можам млеко да обезбедам за децата, за фамилијата, но жално е што за многу деца во Македонија родителите не можат да им обезбедат чаша млеко. Проблем е веќе и лебот, а камо ли млекото, зашто цените отидоа во небо, забележуа Ајети. Тој е лут затоа што млекарите нудат 20 денари за откуп на млекото, а потоа го даваат скапо, во маркетите достигнува и до 80 денари. Не им го давам млекото, вели овој човек.

<

Во прилогот на ТВ Клан, Ајети вели дека има луѓе од селото кои купуваат литро – две од него. Но генерално, како што нагласува, луѓето се навикнале да си купуваат готово млеко во тетрапак, кое не треба да се вари, туку веднаш се пие.

Млекото земено од млекопроизводител е свежо, убаво, но секако мора да се вари, нагласува тој.

Работата на млекопроизводител не е лесна, а не е ниту евтино да се одгледуваат крави, вели Ајети и додава дека неговиот труд воопшто не се цени, затоа што со тие 20 денари што му ги нудат млекарите, не може да се покријат трошоците и вложениот труд. Затоа, кој сака од селото купува од него, а тој не го дава на млекарите кои прават екстра профит.

Инаку, телевизијата забележува дека поради гласини дека ќе има недостиг на млеко, рафтовите на кои стои млекото во тетрапак во многу супермаркети се празнат. Иако е скапо. Иако Србија не забрани извоз на млеко за Македонија (и за Албанија).

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...

Ален Деребан: Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор!

Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор! Да се потсетиме на храброста на илинденците од 1903 и државничката мудрост на...