13.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСрпската полиција ја забрани геј парадата во Белград

Српската полиција ја забрани геј парадата во Белград

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

МВР на Србија ја забрани Парадата на гордоста, во рамките на „Европрајд 2022“ што требаше да се одржи во сабота на 17 септември.

<

Причината е безбедноста, бидејќи за тој ден е закажан контра митинг и постои опасност од конфликт меѓу двете групи.

Еден од организаторите, Горан Милетиќ, по оваа одлука за „Нова“ истакна дека без разлика на одлуката „прошетката ќе се одржи“.

„Во 14:15 часот добивме известување дека не е дозволена прошетка, а во решението е наведено дека причината за забраната е безбедноста. Тоа е се што знаеме во моментов. Нашиот правен тим веќе започна со подготовка на претставка до полицијата.Ова е прва пријава што се поднесува во рок од 24 часа“, рече Милетиќ.

Претседателот Александар Вучиќ претходно најави дека државата ќе престане да ја одржува прошетката поради безбедносни причини, но дека конечната одлука ќе биде донесена 96 часа пред почетоко.

Во понеделникот на отворањето на Еуропрајд организаторите порачаа дека во секој случај ќе шетаат и дека е срамота што државата не им дозволува на граѓаните да ги остварат своите права и слободи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...