27.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаДодека се фрлаат старите вакцини, се преговара за нови – Македонија ги...

Додека се фрлаат старите вакцини, се преговара за нови – Македонија ги бара најновите засилени дози против Ковид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Здравствените власти отвориле преговори за нови и засилени анти-Ковид вакцини.

<

Детали не откриваат ниту пак се споменуваат некакви датуми, но од Министерството за здравство го потврдуваат интересот за најновите и развиени вакцини кои подобро штитат од новите мутации на вирусот.

На нив се однесува и најновата препорака од Европската агенција за лекови од каде што дадоа „зелено светло“ за бивалентна вакцина развиена од „Фајзер“, која таргетира посебна мутација на Омикрон исто како што е ефикасна и за оригиналниот сој на вирусот, кој се појави во Кина пред три години.

Европската агенција за лекови препорачува вакцините да се даваат на лица постари од 12 години кои ја примиле барем првичната вакцина против коронавирусот, но за одлуката да стапи на сила ќе треба да помине низ уште еден филтер – Европската комисија.

„МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕКУ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ВО КОНТИНУИТЕТ ГИ СЛЕДИ ПРЕПОРАКИТЕ ВО ОДНОС НА СИТЕ АСПЕКТИ ЗА КОВИД-ПАНДЕМИЈАТА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И ИМУНИЗАЦИЈАТА. ВО МОМЕНТОВ СМЕ ВО ПРЕГОВОРИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОВИЕ ВАКЦИНИ, А ЈАВНОСТА НАВРЕМЕНО ЌЕ БИДЕ ИНФОРМИРАНА ПО ПРЕЦИЗИРАЊЕТО НА ОСТАНАТИТЕ АСПЕКТИ И НАРЕДНИТЕ ЧЕКОРИ“ СООПШТУВААТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО.

Во Хрватска вчера започна вакцинацијата со новите и адаптирани вакцини против. Во низата се редат и западноевропските земји.

Во меѓувреме, Македонија уште ги брои дозите останати како залиха од претходните набавки.

Во фрижидерите останале 250 илјади дози вакцини на „Фајзер“ со рок на траење до декември и уште 100 илјади од производителот „Модерна“ кои се употребливи уште еден месец.

Според насоките и правилата, вакцините на кои им поминува рокот најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапката за нивно уништување заедно со Агенцијата за лекови.

Од Министерството за здравство информираат дека досега е добиена дозвола за уништување на речиси 66 илјади дози вакцини со поминат рок на употреба.

Официјалната веб-страница за Ковид-вакцинација брои 869 илјади вакцинирани лица, а според најновите информации од пунктовите, неделно за имунизација доаѓаат околу илјада лица.

Петар Догов TELMA

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...