3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаАко не па да го избереме Талат за уставен судија наместо Јовески-...

Ако не па да го избереме Талат за уставен судија наместо Јовески- Вели професорката Давкова

spot_img

Спикерот Талат Џафери не е ниту Уставен суд, ниту уставен судија. Тој треба да го толкува собранискиот Деловник, а не уставноста на иницијативата за референдумот.

Ова е првичната реакција на професорката по Уставно право, Гордана Силјановска-Давкова, дадена за Пресинг ТВ, откако синоќа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за спроведување референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија како неуставна.

Според Силјановска, Џафери сега се претставува како уставен судија или како Уставен суд.

-Ако е така, па дај да го избереме Џафери наместо Љубомир Јовевски за уставен судија, вели проф.Силјановска-Давкова.
Таа е децидна дека спикерот Џафери мора да ја почитува постапката и иницијативата веднаш да ја проследи до двете надлежни собраниски комисии-Законодавно-правната и таа за политички систем. Дури и нивното мислење да биде негативно за иницијативата, таа сепак мора да се најде на дневен ред на првата наредна собраниска пленарна седница, што директно е наведено во членовите 191 и 192 од Деловникот за работа на Собранието.

Истиот тој Талат Џафери заборава дека неговиот потпис стои зад референдумското прашање Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа. Тогашниот референдум не можеше да биде кпонсултативен, зашто таков може да биде само пред ратификувањето на Договорот. А, Договорот беше ратификуван на 20 јуни 2018 година, додека референдумот се одржа на 30 септември. Врвсни светски познавачи на уставното право коментираа дека светот во историјата не познава побизарно референдумско прашање. Но, во што е разликата, разликата е во тоа што тогаш иницијативата за референдумот дојде од Владата, а сега доаѓа од граѓаните и затоа не ја прифаќа. Човекот уште на стартот ја крши почнатата процедура, вели Силјановска-Давкова.

Според неа, уставноста на процедурата можат да ја оценуваат само Уставниот суд и научници, а Талат Џафери не спаѓа ниту во едните, ниту во другите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...