7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонија51- годишен прилепчанец со ампутирана нога почина на клупа пред прилепската Болница,...

51- годишен прилепчанец со ампутирана нога почина на клупа пред прилепската Болница, откако вчера бил исфрлен од установата ?!

51-годишниот прилепчанец Горан Димески, утринава е пронајден мртов на клупа пред прилепската Болница, откако вчера, по едномесечно лекување на ампутираната нога во Болницата, бил исфрлен од установата. Семејството на сега веќе починатиот Горан, кој инаку бил бездомник, обвинува за негрижа и најавува тужба против Болницата…

Вчера, дојдов да го посетам брат ми сабајлето и слеговме долу, тој е со ампутирана нога, слеговме долу со количката, го истуркав да пиеме кафе, излеговме во дворот. Едно време дојдоа некои личности ко боди-гарди, и во униформа и без униформа, дојдоа и ги фрлија ранците од брат ми. Не видов јас ни кога пакувале, ни што спакувале, ни што имало во ранците, и му рекоа – ти, да те нема од Болницава. Зошто како – не знам“, – ни рече Зоран Димески, брат на сега починатиот Горан.

Бидејќи раната на ампутираната нога крварела и гноела, а имала и оток со болки, Зоран побарал лекувањето да биде продолжено. Но, кај службите во Болницата не наишол на разбирање и не му било дозволено повторно да влезат. По ова, тој побарал помош и од социјалните служби кои исто така процениле дека пациентот не е за домашно лекување. Ама, ни тоа не помогнало, па пациентот останал на една од клупите, со надеж дека некој ќе се смилува и повторно ќе го врати на Ортопедското одделение.

„Така го пуштија, како терминатор, од системи го симнаа и го пуштија надвор. Јас не сакав ризик да преземам и му реков – ќе те оставам брат, овде, белки ќе се најде некој од мајка роден во оваа наша Болница…тие, не се најде никој во 30 часа некој да му излезе во пресрет…Секретарката рече ќе дојди ортопед да го види, ни дојде ни ништо“, – видно вознемирен ни раскажа братот Зоран.

Кога видел Зоран дека нема да успее да го врати во Болницата, извадил документ, за Горан од денеска да биде сместен во Старскиот дом, иако раната не му била заздравена, а немал ни отпусна листа. Меѓутоа, утринава Горан бил пронајден починат на клупата каде што синоќа го оставил брат му.

„Сношти го оставив, му донесов кебе, му донесов сокче, му донесов да јаде нешто и му реков – брат, да те земам дома ми е страв, гној имаше на ногата, да не направиме триста глупости. Овде стој, камери има, ќе те види некој и ќе те прибери….Сабајле се јавив да го слушнам да му кажам дека ќе дојдам да го видам, ми се јавува службено лице од МВР, ми вика да дојдиш ваму. Одам, брат ми – покријан со кебето, вели – починат е“, – вели братот Зоран.

Од Болницата пак, кратко ни рекоа дека на пациентот му била пружена сета потребна здравствена грижа, дури и подолго од што требало. Бил испуштен, бидејќи му завршило болничкото лекување, но добил препораки за понатамошно домашно лекување и преврски.

Телото е предадено на обдукција, а за смртта биле известени и сите надлежни институции. Семејството најави тужба.

Каролина Дурло Извор- Алфа Телевизија

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...