17.9 C
Ohrid
вторник, мај 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНовите учебници ќе бидат готови до ноември, вели Шаќири

Новите учебници ќе бидат готови до ноември, вели Шаќири

Министерот за образование, Јетон Шаќири, очекува до крајот на октомври, почетокот на ноември, учениците од прво, второ, четврто и петто одделение да добијат учебници. За нив учебната година започна со подготвителни материјали за првото тримесечје, бидејќи учебниците сè уште не се готови.

„Искрено, кога велиме не добија буквар, добија подготвителни материјали што се однесуваат на него. Има две фази на одредување на постапките. Една постапка е поврзана со Комисијата, доставување на наставни програми, повик до автори. Образложив дека во овој период сакав да немаме временски притисок врз авторите за да имаме изработка на квалитетни учебници и за математика и за другите предмети и за букварот итн. Другата постапка е поврзана со процесот на ребаланс на буџет, а истовремено се организираше и постапка кадешто имаше временски рокови во кои требаше да заврши таа постапка“,вели министерот Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа и најави учебници до ноември.

Министерот Шаќири се согласува дека има ризик за наставата со физичко присуство. Вели дека проблемот ќе се решава во работна група, а се чешлаат и сметките за да се види дали има заостанати пари од блок дотации од минатите години, како и други средства кои може да се пренаменат за греењето.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нападнат градоначалникот на Шуто Оризари

Како што информира денеска МВР, според пријавата, околу 15.30 часот во просториите на општина Шуто Оризари З.И. агресивно се однесувал и го нападнал К.Д.(49)...

Африм Гаши избран за претседател на Собранието на Македонија

Со 76 ласа за и 6 против, Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Против гласаа само пратениците од Левица.

Силјановска Давкова: На венецот сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска Давкова објасни зошто на венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија во Рим, не го...

Змија во мензата во студентскиот дом „Стив Наумов“

Директорот на Државниот студентски дом Скопје (ДСД Скопје), Виктор Велевски за Мета.мк потврди дека змијата влегла во студентската менза и дека институцијата е запознаена...