8.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина претседателот на Сојузот на спортови на Скопје, Ѓорѓи Кузмановски

Почина претседателот на Сојузот на спортови на Скопје, Ѓорѓи Кузмановски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Трагична вест утрово ја потресе македонската атлетика. Претседателот на Сојузот на спортови на Скопје и основачот на триатлонот во Македонија, Ѓорѓи Кузмановски почина на 80 годишна возраст.

<

Кузмановски беше роден на 15 јануари 1942 година. Уште од најмала возраст тој се вљубува во спортот, прво започнал со тренирање на ракомет во Пелистер Битола, паралелно тренира и фудбал, сè додека не го отрие велосипедизмот и тоа да стане примарна цел во неговиот живот.

Неговата љубов кон велосипедизмот и мотоциклизмот ја негува низ целиот живот и желбата да го пренесе неговото знаење за овие спортови во Македонија е од големо значење. Како страствен велосипедист напишал и публикувал три книги посветени на велосипедизмот кои станале драгоцен прирачник за сите кои се занимаваат со овој спорт. Од Велосипедскиот сојуз на Македонија го доби признанието за најдобар спортски работник на 20 век. Како дел од репрезентацијата на мотоциклисти настапувал на девет Европски Мото Рели натпреварувања. Секоја година беше препознатлив симбол за 8-ми Септември, кога со велосипед поминуваше над 100 километри на различни делници низ Македонија.

Тој низ неговата богата кариера беше дел од повеќе институции во Македонија и поранешната Југославија, како стручен секретар на сојузот за физичка култура на Македонија и раководител на стручната служба, претседател на Велосипедскиот сојуз на Југославија, тренер на југословенската А репрезентација во велосипедизам, основач на триатлонот во Македонија, иницијатор за обнова на Скопскиот маратон, претседател и основач на триатлон клубот „Софка“, прво генерален секретар, а потоа и претседател на Сојузот на спортови на Скопје, која ја извршуваше сè до неговата смрт. Беше активен член во боксерскиот и велосипедскиот сојуз на Македонија.

Зад себе остави семејство кое чекори по неговите стапки, а тоа е љубовта кон спортот и зачувување на неговото дело во светот на спортот во Македонија. Во негова чест Македонскиот Олимписки Комитет ќе оддржи комеморација утре во конференциската сала на СЦ „Јане Сандански“ во 13 часот.

Погребот ќе биде во среда на градските гробиштата Бутел, во капела од 12 часот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...