19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа невработените по 3000 денари а за пензионерите по 1500 денари помош...

За невработените по 3000 денари а за пензионерите по 1500 денари помош од владата !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата на денешната седница усвои сет антикризни мерки за справување со енергетската и ценовната криза, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција по седницата. Со мерките, целта е да се помогнат најранливите групи граѓани во претстојната зима која што ќе биде најтешка досега, додаде Ковачевски.
Ова е најтешка криза по Втората светска војна. Знам дека сите граѓани се загрижени, ќе биде тешко кај нас и во другите земји. Ги финализиравме мерките за поддршка на граѓаните и фирмите и донесовме сет на мерки во вредност од 350 милиони евра за справување со енергетската и ценовната криза. Усвојуваме таргетирани мерки за помош на најранливите групи граѓани. Не е време на изобилие, туку на солидарност“, изјави Ковачевски.

<

Во наредните 4 месеци, по 3 илјади денари месечно треба да добијат корисниците на социјална помош, помош за попреченост, посебен додаток, нега од друго лице и невработените и оваа мерка опфаќа 42 илјади граѓани и ќе чини над 8 милиони евра. По 1.500 денари во наредните 4 месеци ќе добијат пензионерите кои добиваат пензија до 11.525 денари, а тоа се над 91.600 пензионери. По 750 денари ќе добијат пензионерите со пензии од 11.525 до 14.000 денари, а такви се над 66 илјади пензионери. За оваа мерка се издвоени 12,2 милиони евра.

Овие мерки треба да поминат во Собранието.

„Очекувам дека сите пратеници, освен Левица, ќе бидат на ниво на задачата и што побрзо ќе ги усвојат овие законски измени“, кажа Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...