10.9 C
Ohrid
понеделник, септември 16, 2024
ПочетнаМакедонијаПремиерот Ковачевски заврши на насловните страници на медиумите во Обединетите Арапски Емирати

Премиерот Ковачевски заврши на насловните страници на медиумите во Обединетите Арапски Емирати

Насловните страници на највлијателните медиуми во Обединетите Арапски Емирати, како и значителен дел од ударните вести на телевизиските станици во Абу Даби, синоќа беа преплавени со веста за посетата на премиерот Димитар Ковачевски. Ова силно медиумско внимание на посетата на премиерот во Абу Даби се должи на продуктивните средби што беа остварени со македонската делегација а претставуваат позитивен сигнал за идните инвестициски можности и економски бенефит од соработката меѓу државите јавува Нова ТВ.

Новинарите во прашањата кон Ковачевски покажале интерес за информации кои се однесуваат на нашата економија, туризам, земјоделските капацитети и културата акцентирајќи ја потребата од меѓусебната соработка.

При посетата на Абу Даби, Ковачевски се сретна со Џамал Саиф Ал Џарван, генерален секретар на Меѓународниот совет на инвеститори на Обединетите Арапски Емирати.

Советот има главна улога за упатување и информирање на компаниите од ОАЕ каде да инвестираат и да го вложат својот капитал.

На состанокот на кој присуствуваа и министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски беа презентирани инвестициските можности и фокус секторите кои имаат потенцијал да привлечат свеж капитал.

Фокусот на инвестиции на Меѓународниот совет на инвеститори на Обединетите Арапски Емирати се телекомуникациите, развој на недвижности, туризам, обновливи извори, инфраструктура, здравство како и храна и прехранбена индустрија.

Ковачевски истакна дека она што е многу значајно во доменот на енергетиката во иднина за Северна Македонија, како и за земјите од регионот е диверзификација на изворите на снабдување со енергенси, и за таа цел се реализираат проекти кои на среден и долг рок ќе ја намалат зависноста и снабдувањето со енергенси од еден извор.

Беа разгледани начините и методите за искористување на сите можни потенцијали за унапредување и зголемување на трговската размена, која ќе придонесе за зголемување на економскиот раст.
PRESS24MK

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...

Штипската Миа Калифа по само 9 дена исфрлена од реалното шоу

Моника Станојкова по само 9 дена од влегувањето во реалното шоу “Елита 8” синоќа на првата елиминација беше кандидат со најмалку гласови од публиката. Нејзиното...

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од...