Боки 13 вчера вечерта во дворот на затворот Идризово, бил нападнат од страна на три лица, а веста е официјално потврдена и од МВР.
“Во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ – информираат од МВР.
Низ прилепската чаршија денеска “на големо” се зборува дека две од трите лица кои го нападнале Боки 13 се прилепски граѓани, кои издржуваат затворска казна во затворот Идризово, меѓутоа ваквата информација сеуште е неофицијална и сеуште не е потврдена од страна на МВР. Дали Боки 13 бил нападнат од страна на прилепски затвореници, или пак сето ова се само “чаршиски муабети”, останува да видиме- Пишува Станица.Мк