20.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаВевчанци во паника-Со години ги лечел ,,надрилекар” без диплома

Вевчанци во паника-Со години ги лечел ,,надрилекар” без диплома

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жители на егзотичното село и општина Вевчани во близина на Струга стравуваат дека лекар од тамошна амбуланта воопшто нема диплома за завршено високо медицинско образование.

<

Според повеќе извори во општина Вевчани селски доктор кој со години се грижел и се уште официјално се грижи за здравјето на граѓаните во овој крај, воопшто не дипломирал на медицински факултет.

Тој веќе неколку години работел како лекар во локалната државна здравствена установа а дури минатата недела локални жители биле информирани дека има проблем со неговото формално образование.

За своите сомнежи Вевчанци ги информирале полициските претставници во Струга. Од локалната полиција не даваат никаква информација за можниот скандал со несертифициран лекар.

Доколку се потврди дека лекар без диплома се вработил во здравствен дом и се грижел за здравјето на граѓаните на Вевчани со години, за лекарот и тие што го примиле на работа можат да следуваат долгогодишни затворски казни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...