26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа Стево Пендаровски Македонците се „народот кој таму живее“.

За Стево Пендаровски Македонците се „народот кој таму живее“.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во ова време-невреме кога Бугарија на секој начин се обидува да го подкопа нашиот вековен идентитет, а со тоа и јазик и државност, блокирајќи го нашиот влез во ЕУ просто е неверојатно да Претседателот на Македонија да го нарекува сопствениот, македонскиот народ – „народот кој таму живее“!

<

При вчерашната посета на Пендаровски на Варшава каде нашиот претседател го доби полскиот „орден на белиот орел“ од колегата Дуда, на кој тој му возврати со македонскиот орден „8ми Септември“, односно се случи класична „размена на ордени“, двајцата претседатели одржаа заедничката прес конференција ( нешто што му е очигледно слабост на нашиот „татко на нацијата“ – сетете се на пресот со Александар Вучиќ ) , каде нашиот Претседател буквално „генерираше“ нов термин за македонскиот народ , па рече:

„Тоа е добро не само за С. Македонија И НАРОДОТ КОЈ ТАМУ ЖИВЕЕ“.

Затоа лично го прашувам Претседателот на Македонија:
1. Каде тоа ТАМУ јас живеам? Јас и моите сограѓани?
2. На кој народ јас му припаѓам или Стево ти се срамиш да кажеш дека јас сум Македонец како и останатите Македонци ширум светот?
3. Семантичко прашање до тебе Стево: Ако ти стоиш на пулт во Варшава, а ние Македонците сме „народ кој таму живее“, каде живееш ти во тој момент? Во Варшава? на планетава Земја?
4. Дали го чувствуваш тонот во кој ја врами таа реченица, кој беше крајно потценувачки? Зошто? Еден Полски државник како Претседателот Дуда си дозволи да каже – Македонска делегација. Толку ли е тешко да се каже зборот Македонец, Македонија, македонски јазик? Еве дури и македонскиот јазикот влезе во официјална употреба во ЕУ, а ти не нарекуваш „народот кој таму живее“. А оние Македонци кои се во Австралија, Европа, Америка, по сите агли на земјината топка, тие што се? Зошто сега кога и ЕУ амбасадорот Гир, и фон дер Лајен не нарекуваат Македонци, зошто сега стануваме „тамошниот народ“?
Прашува Иван С Мирчевски- Канал 5 телевизија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...

Таткото на загинатиот тапанар од ДНК до Сиљановска, Мицкоски и Тошковски: Немате срца, бирајте месец но на 16-ти дајте оставки

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК Георги Георгиев, на денешниот протестен марш во Кочани упати остри пораки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, до премиерот...

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...