29.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Градоначалниците од ВМРО бараат пари од Владата- Но затоа е тука...

Ковачевски: Градоначалниците од ВМРО бараат пари од Владата- Но затоа е тука СДСМ за граѓаните, да помага !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Овде во Прилеп нема ниту еден нов проект, можеби нешто се довршило од претходниот градоначалник од СДСМ ама нов проект нема. Нула! Ама затоа имате поскап јавен превоз, поскап паркинг.

<

Наместо да понудат помош и поддршка, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните, бараат пари од Владата, а во работно време на општински настани го шетаат шпицниот кандидат Мицкоски и му реферираат пред камери. Ништо не се менува, иста школа иста матрица, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Прилеп критикувајќи ја општинската власт.

Тој рече дека Владата обезбедила средства за патот на влезот во Прилеп од страна на Крушево и за водоводот за манастирот Трескавец, но општината потфрла и се уште нема реализација.

-Но затоа СДСМ е тука за прилепчани. На самиот крај е реконструкцијата на патот на превојот Плетвар, инвестиција од 4 милиони евра. Интензивно се работи за следен проект да биде и негово проширување онаму каде не постои трета лента. Ете затоа немаат доверба граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ, затоа изгубија на предвремените локални избори во август, затоа ќе изгубат и на редовните парламентарни избори во 2024 година, нагласи Ковачевски.

Тој ја повтори последната мерка на Владата за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија. Според него, со оваа мерка компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб од сега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи до 10 проценти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајдено телото на Бугарскиот нуркач кој исчезна во водите на Охридското Езеро

Безживотното тело, пронајдено попладнево во близина на селото Трпејца, е на нуркач кој претходно денеска исчезна во водите на Охридското Езеро. Според очевидци, лицето...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...