0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЛажните пријави за бомби во скопските училишта се испратени од странство, не...

Лажните пријави за бомби во скопските училишта се испратени од странство, не од Македонија

spot_img

Министерот Оливер Спасовски во денешното гостување во дневникот на Сител на прашањето до каде е истрагата за лажните пријави за наводно поставени бомби во скопските средни училишта, соопшти дека пораките се пуштени од странство…

Пораките се пуштени од надвор од државата. Имаме сериозни индиции за тоа како се одвива целиот тој процес и во тој дел навистина работиме максимално посветено, со помош на нашите партнери, се со цел да ги прекинеме овие монструозни чинови кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните.“, објасни министерот Спасовски.

Тој потенцираше дека сите капацитети на безбедносните служби, од почетокот на мандатот на ова раководство на МВР, се посветени кон сериозна заштита на сите граѓани на државата во сите сегменти, меѓу кои и во сајбер безбедноста, која во денешни услови исклучително доаѓа до израз.

„Вие знаете дека имаше обиди за напади врз институциите, хакерски напади врз неколку институции во државата. Дури и при спроведувањето на пописот имаше сериозен хакерски напад на целиот систем којшто практично работеше во делот на спроведување на пописот, на неколку од министерствата итн. Тоа покажува само колку е потребно во делот на сајбер безбедноста да се преземат сите мерки и таа сајбер безбедност да ја зголемуваме преку јакнење на капацитетите материјално-технички, меѓутоа и на човечките ресурси.“, истакна Спасовски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...