29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаКој е Мартин Сакса, момчето до Свети Николе кое освои милиони долари

Кој е Мартин Сакса, момчето до Свети Николе кое освои милиони долари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мартин Саздов, во гејминг светот познат како „Сакса“ е најдобриот „Dota 2“ играч во нашата земја, а сега и во светот

<

Вчера се одржа Интернационалниот „Dota 2“ турнир во Сингапур, огромен настан на кој се собираат најдобрите гејмери од цел свет и се натпреваруваат за повеќе од милион долари. Токму таму Сакса со својот тим „Тундра Еспортс“ го освои првото место, кое вреди цели 8 милиони долари. Имено, тие во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0.

Инаку Саздов е од Свети Николе, започнал да игра „Dota 2“ на 10 – годишна возраст, со времето постепено се усовршувал и станал еден од најдобрите „Dota 2“ играчи во светот.

Иако се запишал на факултет во Скопје, изгубил интерес и одлучил целосно да се посвети на неговата „Dota“ кариера.

Во неговото последно интервју пред 5 месеци, Сакса вели дека „Еспортс“ генерално не е толку популарна во Македонија и дека „Дота 2“ најмногу играат и следат момци од 20 до 35 години, но не и новите генерации.

Ме препознаваат доста луѓе од време на време, и мислам дека доволен број на луѓе ме знаат со оглед на тоа дека сум единствениот професионален играч кој играл за големи тимови и големи турнири – додава тој. Тој заедно со неговиот тогашен американски тим „Digital Chaos“ беше дел од и претходно од овој турнир. Имено на натпреварот „Dota 2 International 2016“, тимот на Саздов заработи 3.4 милиони долари.

Извор: liquipedia.net

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...