19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај името на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Причината за затворањето на здружението регистрирано во 2019 година е процесот кој уште истата година го почнува тамошното обвинтелство, но сега добива правна разврска….

Уште не се средија впечатоците од Благоевград, а граѓанското здружение што го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Бугарија заминува во ликвидација.

„Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато.“

вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарските Устав и закони.

Независно од судските одлуки, градоначалникот на Благоевград вели дека отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ било приватен чин. Kога ќе се отвора државен Културно-информативен центар…

„Со сигурност, кога ќе биде официјален клуб ,би присуствувал и ќе присуствувам.“

вели градоначалникот Илко Стојанов.
Што се случи во, после, но и пред Благоевград?

Политичарите влегоа брзо, новинарите чекаа еден час. Такво добредојде на граничниот премин Делчево-Лисичково добија патниците тргнати кон Благоевград – местото на отворање на клубот „Никола Вапцаров“.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...