12.6 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаПечалбар од Кичево, кој со своето семејство живее во Швајцарија добил сметки...

Печалбар од Кичево, кој со своето семејство живее во Швајцарија добил сметки од 14 илјади денари за струја за куќа во која никој не живее

Ова што го гледате е сметка на печалбар од Кичево, кој со своето семејство живее во Швајцарија. Но, за период 8 септември-7 октомври добил сметка за струја од 9.271 денар. Вели дека во тоа време не бил во својот дом во Кичево, а бројките од потрошените киловат часови на сметката, не се совпаѓаат со бројките на броилото кој ги фотографирал лицето кое се грижи за неговата куќа.

Освен за последниот месец, ова семејство и за период 5 август-7 септември платило сметка од 4.843 денари, иако и тогаш никој не живеел таму.

„Јас сум Фатлинд Далипи и заедно со семејството живеам во Швајцарија. Во Кичево имаме куќа и редовно ги плаќаме сметките за струја, но последните два месеца – август и септември добивме вртоглави сметки иако не бевме таму.

За август сметката е 5 илјади, а за септември 9.300 денари, а ние овие месеци не бевме дома. Отворено нѐ крадат. Да плаќаш струја 160 евра без да ја користиш, ова е криминал. Барам од надлежните органи да преземат мерки“, вели Фатлинд Далипи.

Стапивме во контакт и со ЕВН. Од таму велат дека се случува броилата да не се прочитаат од разни причини. На пример кога потрошувачот не е дома, екипите се спречени да ги прочитаат или пак немаат пристап до броилата, или на пример поради лошото време, отсуство поради боледување на инкасаторите или изолација поради коронавирус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...