20.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЏафери вели дека го познава Абази: Ние сме мала држава

Џафери вели дека го познава Абази: Ние сме мала држава

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека сите политички субјекти дадоа мислење дека не е проблем вметнувањето на други заедници во Уставот и во тој момент работата за уставни измени не е работа на интерес само на мнозинството, туку суштина по која што треба да се оствари втората стратешка цел на земјата, при определба уште од осамостојувањето, а тоа е влезот во ЕУ.

-Едната стратешка цел е веќе реализирана и веќе трета година сме членка на НАТО. Уставните измени е во интерес на граѓаните и државата, а не во рамки на партиски интерес. Секако мнозинството не може да каже дека има мнозинство, бидејќи тоа не е само нивен интерес. Треба да биде сеопфатен процес, рече Џафери како одговор на новинарско прашање.
За тоа какви релации има со новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, спикерот Џафери вели дека тој пред се е претседател на Собранието.

-Ние сме посебна власт. Ние сме мала држава. Ако одиме во рамки на тоа дали се познаваме, ќе биде некоректно да кажеме дека ние не го познаваме човекот кој ни бил во Вишото обвинителство во Гостивар. Спорот не е дали се знаеме или не. Тој е посебна власт, во рамките на судската власт. Во таа релација јас се знам и со вас веќе 25 години. Тоа не е спорно. Ако утре вие одите некаде да бидете избрани и поради тоа што се познавате со претседателот на Собранието да имате пречка при тој избор, рече Џафери како одговор на новинарско прашање.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...