12.6 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаТони Михајловски е добитник на Наградата „13 Ноември“

Тони Михајловски е добитник на Наградата „13 Ноември“

Првенецот на Македонскиот народен театар,Тони Михајловски е добитник на Наградата „13 Ноември“ на град Скопје за 2022 година. Наградата му ја додели градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, на свечената церемонија во Националната опера и балет.

Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, доби награда за отворање центри за рана интервенција и третман за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и обезбедување помош и поддршка на младите и возрасните лица со пречки и на нивните семејства.
Хуманитарната организација „Свети Спас“ – Скопје доби награда за кoнтинуирано помагање на социјално загрозени лица. Добитници на „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2022 година се и Игор Радев кој доби награда за особен придонес на полето на книжевно-преведувачката дејност, Љупчо Јолевски за четиридецениска интензивна и професионална работа во новинарството, Весна Мојсова Чепишевска за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата во изминатиот период.

Награда доби и Ристо Малчевски за покренувaњето на онлајн платформата www.matematickitalent.mk зa време на пандемија и во време на недостиг на учебници за основно и за средно образование, Арлинда Калиси за долгогодишен придонес како уредник на културните манифестации и автор на емисијата „MOZAIKU KULTUROR“.
Митко Б. Панов ја доби наградата 13 Ноември за значајни остварувања во науката, како и иницијатор и автор на проектот на културниот настан „ Денови на Јустинијан I“, додека Силвана Георгиева доби награда за значаен придонес во научно-истражувачката дејност во стоматологијата, подигнување на квалитетот на забоздравствената заштита и подобрување на оралното здравје на граѓаните на град Скопје и пошироко во државата.
За спортските успеси се наградени Дејан Георгиевски за освоениот Сребрен медал од олимписки игри во Токио 2020, одржани во 2022 година, како и Ракометниот клуб Вардар 1961.

Ракометниот клуб „Вардар 1961“ ја доби наградата за претставување на градот пред спортската јавност во Европа и неизмерна радост на сите скопјани. Награди добија и учениците и студенти: Алексиј Тасиќ. Ангела Костуранова и Ејрона Абази.
Од областа на здравствената заштита наградени се проф. д- р Смиља Туџарова-Ѓоргова и д-р Соња Бојаџиева, а од областа на заштита и унапредување на животната средина и природата наградени се група творци – тим Среќа: Ања Цветковиќ, Никола Стојановски, Денис Димитров, Дарко Ефтимовски, Илина Георгиева, Коста Аризанов, Христијан Стојанов, Викторија Блажевска и д-р Драган Јованов.
Групата „Тим доза среќа“ во состав на Ања Цветковиќ, Никола Стојановски, Денис Димитров, Дарко Ефтимовски, Илина Георгиева, Коста Аризанов, Христијан Стојанов, Викторија Блажевска и д-р Драган Јованов ја доби наградата за врвни достигнувања на светски натпревари за млади иноватори (лица со посебни потреби) на тема Животна средина категорија – Лековити растенија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...