Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема 345.000 денари на име плата. За една година тоа се 4.140.000 денари, а за мандат од 4 години 16.560.000 денари, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи информации за т.н. афера „Паразити“.
Според партијата, „ништо поразлично не е ниту членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 266.000 денари месечно“.
За четири години Крстевски од државата ќе земе 12.768.000 денари на име плата. Овие двајца функционери именувани од владата за еден свој мандат во М НАВ заедно ќе наплатат половина милион евра само за плата. Двајцата директори во М НАВ ја чинат државата еден голем булевар, или само со парите за нивни плати за 4 години може да се купат 8 амбулантни возила или 3 противпожарни возила, додадоа од ВМРО-ДПМНЕ.