28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаРазбиена група од Пешкопеја која шверцувала добиток од македонска на албанска територија...

Разбиена група од Пешкопеја која шверцувала добиток од македонска на албанска територија во близина на Дебар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата од албанскиот пограничен град Пешкопеја успешно ја финализирала акцијата „Граница” во која е разбиена група шверцери на ситен и крупен добиток.

<

Добитокот бил пренесуван од македонска на албанска територија преку зелениот појас во близина на граничниот премин „Блато“ кај Дебар.

– Во рамки на напорите за сузбивање на недозволена трговија, по неколкумесечна истрага и добиени информации по оперативен пат разбиена е уште една криминална група. Во акцијата уапсени се четири лица на возраст од 27 до 30 години, сите жители на Пешкопеја, одземено е возило со кое бил транспортиран добитокот и запленети 64 грла ситен и крупен добиток, стои во полициското соопштение.

Се додава дека уапсените меѓусебно, откако го обезбедувале добитокот во Северна Македонија, минувале на албанска територија преку зелениот појас кај Блато, прво го чувале во штали, а потоа го продавале за различни суми на пари.

Во соработка со македонската полиција продолжува работата за идентификација на други лица инволвирани во оваа незаконска активност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...