23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Набрзо ќе заврши истрагата за лажните дојави за бомби и ќе...

Спасовски: Набрзо ќе заврши истрагата за лажните дојави за бомби и ќе ја известиме јавноста..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Меиловите со најави за поставени бомби се праќаат од надвор и за истрагата одиме преку меѓународна правна помош. Во истрагата и во обезбедувањето на информации и докази се вклучени сите капацитети на повеќе сектори на министерството за внатрешни работи, како и партнерските служби и иако досега сите дојави се лажни, по секоја мора да се постапува по строго дефинирани протоколи кои не може да се изземат“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.

<

Она што е карактеристично е што заканите се појавуваат во среда, четврток и петок и само во одредена смена на ученици и наставници и тоа се дел од аспектите кои се анализираат. Содржините на мејловите се различни. Денес имаше таква содржина дека некој наводно сакал да преговара. Но, со терористи нема преговори“, потенцираше Спасовски.

Министерот Спасовски рече дека сите информации и заклучоци МВР ќе ги соопшти кога ќе заврши истрагата и ќе има реализација, што ќе биде за многу брзо.

„Штом ќе ги утврдиме сите факти и податоци, во соработка со јавното обвинителство ќе излеземе во јавност и се ќе биде транспарентно објавено“, истакна министерот.

Спасовски истакна дека овие хибридни напади не се изолиран случај само во Северна Македонија, дека вакви напади има во САД, Србија, Хрватска, други земји членки на НАТО и ЕУ. Тој повика да не се политизира овој случај со цел ефикасно делување на институциите.

„Важно е да се сочува мирниот пристап на сите и покрај вознемиреноста и несигурноста и да не се политизира овој случај“, рече Спасовски. (МИА)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...