12.6 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ПОСЕТИ СЕМЕЈСТВО ВО ОХРИД КОЕ КОРИСТИ СТРУЈА ОД ФОТОВОЛТАИЦИ

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ПОСЕТИ СЕМЕЈСТВО ВО ОХРИД КОЕ КОРИСТИ СТРУЈА ОД ФОТОВОЛТАИЦИ

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска во Охрид го посети семејството Тодороски, кое има инсталирано кровна конструкција на фотоволтаици за сопствено производство на струја на приватен семеен објект куќа. За време на посетата членовите на ова домаќинство со премиерот го споделија позитивното искуство од инсталираните панели и намалените трошоци за потрошената енергија на дневно ниво за потребите на ова семејство.

Владата на Република Северна Македонија неодамна како дел од мерките за справување со енергетската криза донесе одлука со која се олеснува процедурата за поставување на фотонапонски централи од лиценцирани изведувачи за потрошувачи и за производители. Со оваа одлука скратени се фазите за изработка на основниот проект. По старо оваа постапка траеше околу еден месец по ново скратена е на само еден ден. Исто така претходно се чекаше одобрение за поставување сега општината само се известува дека ќе бидат поставени фотонапонски панели од лиценциран изведувач.

Наша задача и обврска како Влада е да креираме услови за развој на компаниите, затоа и одговорно пристапуваме и одговорно го менаџираме буџетот. Со тој пристап, во услови на криза, преку антикризните мерки го заштитивме стандардот на граѓаните, ја одржавме ликвидноста на компаниите со што се зачуваа работните места. Обезбедивме и евтина и 80% субвенционирана струја со што овозможивме и помали трошоци за граѓаните и компаниите, но и ги обезбедивме виталните функции на државата. Олеснетите процедури за поставување фотоволтаици кои ги овозможивме, се дел од планот за целосна енергетска трансформација на земјата.

Публицитет.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...