20.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаБрзиот патнички воз кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола...

Брзиот патнички воз кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола сѐ уште не е стигнат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Патничкиот воз кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола сѐ уште не е стигнат. Според сознанија на Плусинфо причина за запрениот сообраќај е расипан товарен воз во близина на село Слепче кој е останат на пругата. Според порталот поради расипаниот товарен воз е блокирана пругата и патничкиот воз не може да помине, па затоа патниците се заглавени со часови на железничката станица.

<

Патниците на социјалните мрежи споделуваат дека кондуктерот им велел дека можеби до полноќ или во утринските часови возот ќе пристигне на својата дестинација. Тие додаваат дека од страна на Македонски железници не им бил организиран каков било превоз, па тие се оставени да чекаат со часови да се ослободи пругата.

Во патничкиот се возат околу 120 патници, неофицијално дознаваме од Македонски Железници.

Помошна локомотива е тргната во 19 часот од Скопје за да го турне расипаниот воз во Слепче, па потоа да може патничкиот да продолжи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...