25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонија15 години затвор за неготинецот кој до смрт ја претепа поранешната партнерка!

15 години затвор за неготинецот кој до смрт ја претепа поранешната партнерка!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Настанот кој ја потресе нацијата, кога во август во Неготино 46-годишната Љ.Г. беше крвнички претепана од својот поранешен партнер П.Н. (51), по што со тешки телесни повреди и во кома, по неколку дена почина на скопските клиники, доби судска пресуда. Како што информира Основен Суд Кавадарци, на сторителот на делото, вчера му била изречена казна затвор во траење од 15 години.

<

-Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело Тешка телесна повреда по чл. 131 ст. 4 вв ст. 2 вв ст. 1 вв чл.12 ст. 2 од КЗ, а по дадено признание за вина, огласен е за ВИНОВЕН за настанот којшто се случи на 02.08.2022 година во Неготино, кадешто извршил семејно насилство во кое оштетената Љ.Г. од здобиените тешки телесни повреди почина на 06.08.2022 година, со тоа што од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата- објавија од ОС Кавадарци.

Сега веќе осудениот маж, во минатото бил во врска со Љ.Г.. На втори август годинава, тој дошол во нејзиниот дом, и по вербална расправија со неа, започнал да ја удира со боксови во главата и ја турнал во туш кабината.
Таа се здобила со тешка телесна повреда и западнала во коматозна состојба.
По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа тогаш од Обвинителството.

Жената почина на шести август, и зад себе остави две полнолетни деца.

Нејзината ќерка реагираше на социјалните мрежи и појаснуваше дека не се работи за семејно насилство, бидејќи мајка и со убиецот не живеела заедно пет месеци пред да се случи настанот, туку дека се работи за убиство на свиреп начин.

-Без никаков повик кон мајка ми, без никаква пишана порака оди директно во нашиот дом и ја убива, а вештачењето вели дека бил со битно намалена пресметливост, поради присуство на алкохол во крвта од 1.94 промили. Па добро, дали ова покажува дека секој пијан човек може да одземе нечиј живот?- јавно прашуваше ќерката на убиената жена.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...

Македонските организации од Сиднеј донираа над 84.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Кочани.

Почитувани, Со гордост ве информираме дека денес Прилепското Друштво Методија Андонов- Ченто од Сиднеј официјално потпиша договор за соработка со организацијата Супорт Кочани и изврши...