27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонија14 годишно момче не оди во училиште поради страв од соучениците: Му...

14 годишно момче не оди во училиште поради страв од соучениците: Му го искинале долниот веш, го терале да седи со свиткан рбет на часовите за тие да имаат видик !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во два наврати, двајца деветоодделенци, во ООУ„Даме Груев“ во Градско, му искинале долен веш на соученик во соблекувалната за физичко образование, пренесува „Дума“. Првпат тоа се случило на четврти, а втор пат на 11 ноември, годинава, кога ученикот се вратил дома освен со искинат долен веш и со гребатини на телото.

<

Четиринаесет ипол годишното момче видно вознемирено и со категоричен став дека повеќе нема да оди на училиште им раскажало на родителите дека на 11 ноември неговите двајца соученици го влечеле и кон ходникот кој во моментот бил празен. По последната доживеана траума ова момче трета недела не оди на училиште затоа што се плаши дека повторно ќе биде нападнато и омаловажувано.

Според неговиот татко, И.Т, момчето тогаш ја отворило својата душа и раскажало за се што претходно доживувало додека било на училиште од истите соученици. Поточно дека на последната случка и претходеле уништување на неговиот ученички прибор со фрлање и газење на патос во училница или преку прозорец, надвор, во училишниот двор.

Моето 14,5 годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11 ноември,годинава, дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници, ние како родители не знаевме дека двајца соученици, од неговиот клас, и претходно му го искинале долниот веш, му удирале фиски по главата за да седи со свиткан `рбет на часовите за да не им го затвора видикот во училницата, му го уништувале училишниот прибор или му го фрлале низ училишниот прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам. Чашата ја прели последниот настан со кинењето на долниот веш. Јас отидов во училиштето. Разговарав со класниот раководител Благој Ристов и со директорката Таца Дукова. Тие ми кажаа дека веднаш ќе превземат мерки и ја спомнуваа педагошката мерка на преместување на двајцата соученици, кои што го малтретирале моето дете, во подрачното училиште во село Виничани. Потоа, по два дена, ме известија дека ќе ги преместат само во соседната училница. Тоа е причина што мојот син не оди веќе трета недела на училиште, рече родителот И.Т.
Целата сторија на Дума

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...