7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски за синот на заменик министерот на МВР: Сеедно дали е министер,...

Спасовски за синот на заменик министерот на МВР: Сеедно дали е министер, директор или обичен граѓанин – секој кој направил прекршок ќе си сноси одговорност

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите за вмешаност на синот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши во кражба на масло од канабис од фабриката „5 Леттерс“, рече дека станува збор за шпекулации и дека денеска ќе информираат за случајот, нагласувајќи дека секој кој направил прекршок мора да сноси одговорност, сеедно дали станува збор за министер, директор или обичен граѓанин.

-Ова е прашање коешто не се заснова на ниту еден факт и мислам дека е најдобро да ги чуете, да ги дочекаме сите аргументите и фактите коишто се однесуваат на целиот овој процес и тие аргументи и факти да ги пласираме во јавноста.  Ние во текот на денот ќе излеземе со конкретна информација за овој случај и ќе ги знаеме сите податоци и факти. Тие факти и податоци не соодветствуваат со вашите факти и шпекулации. Многу работи што ги кажавте се шпекулации, нагласи Спасовски, одговарајќи на прашањето колку синот на Буши е опфатен со истрагата за кражбата на маслото од канабис со оглед на тоа што неговиот автомобил бил фотографиран дента кога се случила кражбата во „5 Леттерс“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...